Србија доминантно до полуфиналето на СП

Од:

Србија убедливо славеше во четвртфиналната пресметка со Бразил со 84:56 и се пласира во полуфиналето од СП 2014 што се одржува во Шпанија.

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ ја завршија групната фаза како четвртопласирани, најпрвин го совладаа составот на Грција во осминафиналето, за денеска да и одржат лекција и на селекцијата на Бразил, која делуваше моќно во досегашниот дел од шампионатот.

Милош Теодосиќ со 23 поени беше најпрецизен во таборот на Србија при овој убедлив триумф, пред Богдановиќ со 12 и Радуљица и Крстиќ по 10 поени.

Следен противник на Србите, ќе биде подобриот од последната четвртфинална пресметка меѓу домаќинот Шпанија и актуелниот европски првак Франција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос