Спортската академија во потрага по спортски таленти за 2015/2016

Од:

Министерството за образование и наука информира дека Спортската академија по четврти пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, кои ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2015/2016 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во Велес, Гостивар, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица, Битола, Кавадарци и Тетово.

– Целта на Спортската академија е учениците талентирани за спорт да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис, соопшти МОН.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.  За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Сите информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција се достапни на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, како и на интернет-страниците на националните федерации за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)