Спасески: Металург испиша нова страница во македонскиот хокеј

Од:

Хокеарскиот клуб Металург е победник на регионалната лига. Овој успех од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт е оценет како голем исчекор кон популаризацијата на хокејот во Македонија.

– Победата на Металург во Софија испиша нова страница во македонскиот хокеј. Овој пехар е круна на напорите за омасовување на овој спорт. Поддршката која Агенцијата за млади и спорт ја дава на Хокеј федерацијата е насочена токму кон промоција и популаризација на хокејот во Македонија,  изјави Спасески на денешната прес-конференција.

Тој истовремено ја најави и иницијативата за промоција на Хокеј на ролерки, кој треба да стане и составен дел на Училишниот спорт.

Претседателот на Хокеарската федерација Никола Тасев се заблагодари на АМС за поддршката и разбирањето искажано за овој спорт, како што рече, дури и тогаш кога сите други беа скептични.

Следен предизвик за Металург, клубот кој ги обедини титулите во домашниот шампионат и Балканската хокеарска лига е настап во хрватската инлајн лига, каде што има обезбедено учество во плејофот.

Би можело да ве интересира

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска

Далас стигна до финалето на Стенли купот за прв пат по две децении

Ана Ололовска