Хрватскиот фудбалер Домaгој Вида му се извини на рускиот народ поради непримерните коментари по победата на Хрватска против Русија во четвртфиналето на Светското првенство.
Вида, кој во моментов игра за Бешикташ и е поранечен член на Динамо од Киев, во видео заедно со Огњен Вукојевиќ, по триумфот им порача на домаќините „Слава на Украина!“.
– Знам дека направив грешка. Сакам уште еднаш да им се извинам на Русите. Навистина не размислував и се извинувам. Но, некогаш таков е животот и мораме да учиме од сопствените грешки. Ги почитувам и Украинците и Русите и Србите со кои сум играл и играм во клубот, изјави Вида за руските медиуми.
ФИФА по овој испад го предупреди Вида, додека членот на стручниот штаб на хрватската репрезентација Вукојевиќ беше казнет со 15.000 швајцарски франци.
Хрватска ја совлада и Англија во полуфиналето, а дел од навивачите во Москва го исвиркуваа Вида при секој контакт со топката.
Во недела хрватската репрезентација ќе се соочи со Франција во борба за трофејот.