СП 2018: Победите на Англија носат пари за локалната економија

Од:

Силното претставување на Англија и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал се одразува исклучително поволно на локалната економија, се наведува во студијата на Центарот за истражување на малопродажбата.

Според професор Џошуа Бамфилд, раководител на Институтот, досега англиските приврзаници на фудбалот потрошиле над 800 милиони фунти повеќе во однос на учеството на тимот на претходното светско првенство и износот веќе надминал една милијарда. Ако играчите на Герет Саутгејт стигнат до финалето на турнирот, прогнозата на проф. Бамфилд и неговите колеги е дека ќе се потрошат 2,7 милијарди фунти за целиот турнир.

– Секој гол на Англија носи 165,3 милиони фунти на трговците, кои продаваат предмети со логото на националниот тим, и уште 33,2 милиони фунти на локалите во кои се гледаат средбите. На минатото светско првенство Англија отпадна уште во групите на турнирот, така што приходите за економијата беа минимални, изјави Бамфилд.

Тој додаде и дека Светското првенство дава многу поголема слобода на луѓето да донесуваат одлуки за инвестиции.

– Поради победите на Англија, луѓето решаваат да си купат нови телевизори, компјутери, да подаруваат дресови и сувенири на децата и блиските, посочи Бамфилд.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска