По синоќешниот натпреварот на Светското фудбалско првенство 2018 меѓу селекциите на Нигерија и Аргентина (1:2), се случи инцидент во кој учествуваа претставници на медиумите.
– Еден арапскиот новинар се расправаше со својот европски колега, по што почна тепачка. Во инцидентот настрада дел од инвентарот во микс-зоната, објавија руските медиуми.
Сведок на тепачката бил и аргентинскиот репрезентативец Хавиер Маскерано.
Двајцата новинари чии имиња не беа објавени биле отстранети од новинарската зона на стадионот во Санкт Петербург.