СП 2018: Модриќ останува прва опција за изведување пенали во хрватската репрезентација

Од:

Лука Модриќ и натаму ќе ги изведува пеналите за Хрватска, одлучи селекторот Златко Далиќ.

– Лука е водач на овој тим и тој останува прв изведувач на пеналите. Точно дека против Данска го промаши ударот од белата точка во финишот на натпреварот и не шутна баш најдобро во пенал-серијата, но важно е дека тогаш погоди. Пред пеналите му реков дека не смее да падне психолошки и дека треба да остане силен. Знаме дека му беше многу тешко, но успеа. Неговиот гол беше поттик за останатите, рече Далиќ.

Хрватска в сабота (7 јули) во четвртфиналето на Мундијалот ќе игра со домаќинот Русија.

Евентуална победа на овој дуел, за „коцкестите“ ќе значи и повторување на успехот од СП 1998 година во Франција кога стигнаа до полуфиналето.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска