Српскиот фудбалер Александар Митровиќ по натпреварот со Швајцарија изјави дека многу наивно доволиле да примат два гола.
Швајцарската репрезентација ја совлада Србија со 2:1 во натпревар од групата Е на Светското првенство во Русија, а Митровиќ во петтата минута го постига единствениот гол за српската репрезентација.
– Не знам што се случи, ги примивме головите многу наивно и многу глупаво. Наместо да го браниме резултатот…Не може да се оди како мува без глава, разочаран сум, истакна Митровиќ.
За Србија сега единствена шанса за пласман во осминафиналето е победа против Бразил.
– Треба да се бориме против Бразил и да играме за победа. И Костарика и Швајцарија покажаа дека може да се игра против нив, наведе српскиот фудбалер.
Во оваа група Бразил и Швајцарија сега имаат по четири бода, Србија има три, додека Костарика остана без бодови и без шанси за натамошен пласман.