Белгија го совлада Бразил со 2:1 во натпревар од четвртфиналната фаза и обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Русија.
Бразил не ја оправда фаворитската улога со која влезе во натпреварот и Белгија за половина час игра дојде до водство од 2:0.
Прво Фернандињо си даде автогол во 13-та минута, а потоа Кевин де Брујне во 31-та минута ја зголеми предноста.
Бразилците во вториот дел успеаа да се консолидираат и го зголемија притисокот врз белгискиот гол. Ренато Аугусто во 76-та минута намали на 2:1, но до крајот на натпреварот и покрај обидите Бразил не успеа да направи пресврт.
Во полуфиналето, кое е закажано за 10 јули во Санкт Петербург, противник на Белгија ќе биде репрезентацијата на Франција.