СП 2018: Англичаните нема да се ракуваат со Швеѓаните пред почетокот на четвртфиналето

Од:

Стартерите на англискиот национален тим нема да го испочитуваат џентлменскиот „ритуал“ пред почетокот на четвртфиналниот судир со Шведска на Светското првенство во фудбал и нема да се ракуваат со своите ривали.

Тоа го информираат медиумите во Англија, откако не станува збор за неспортско однесување, туку за превентивна мерка. Докторот на „трите лава“ им дал инструкции на фудбалерите да користат стисната тупаница при поздрав, за да се заштитат од размена на бактерии, а ракувањата, според него, биле 20 пати понехигиенски. Со тоа, опасноста од вируси и болести ќе биде минимизирана.

Британците ја прифатија веста со недоверба, но ја пофалија идејата на англискиот штаб да ги расчистат дури и најмалите детали од Светското првенство 2018.

Би можело да ве интересира

Мундијалот на Русија и донесе 12,5 милијарди евра

Ана Ололовска

Бехрами исфрлен од швајцарската репрезентација

Ана Ололовска

Кејн е многу разочаран по Мундијалот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Цел свет зборува за Колинда, дел од Хрватите бесни

Наум Локоски

СП 2018: Вида им се извини на Русите за непримерните коментари

Ана Ололовска

Далиќ: Бог ни даде шанса за одмазда

Ана Ололовска