ВИДЕО: Сопругата на Федерер обвинета дека го „провоцирала“ Вавринка

Од:

Сопругата на Роџер Федерер е обвинета дека со своето „провокативно навивање“ во текот на полуфиналниот меч од Мастерс турнирот во Лондон, го „нервирала и деконцентрирала“ Станислас Вавринка, што во текот на мечот предизвикало нервозна атмосфера која подоцна се претворила во расправија меѓу двајцата Швајцарци.

Мирка Федерер, која редовно седи во ложата покрај теренот на турнирите на кои настапува нејзиниот сопруг, наводно „интензивно го провицирала“ Вавринка во клучните моменти на третиот решавачки сет, при водство на Стен од 5:4 кога тој го загуби мечот што веќе го имаше добиено.

Според лондонските медиуми, кој на „случајот“ од полуфиналниот меч на двајцата швајцарски тенисери му посветуваат забележителен публицитет, Вавринка бил толку изнервиран што и официјално се пожалил на однесувањето на сопругата на својот противник.

Спортските експерти се уште анализираат како Вавринка можеше во лондонската „О2 Арена“ да загуби дури четири меч топки во самиот финиш на мечот, а Федерер ја доби првата таквата шанса. Поразената страна, таквата ситуација ја објаснува со однесувањето на Мирка Федерер, за која Вавринка рекол дека „директно го провоцирала“.

Ваквите обвинувања предизвикале расправија „зад сцената“ на арената во Лондон, која едвај ја смириле организаторите и тренерите на двајцата играчи. Сопругата на Федерер, меѓутоа, му возвратила на Вавринка дека е „плачко и дека не може да поднесе пораз“.

Самиот Федерер во минатото на два пати има реагирано на „некоректно навивање“. Еднаш на турнирот во Монако, кога Швајцарецот гласно ги предупреди родителите на Новак Ѓоковиќ да бидат потивки, а вториот пат на Вимблдон, кога го прекори вујкото на Рафаел Надал.

Познатата тениска ѕвезда, Американецот Џон Мекинро за една лондонска спортска телевизиска станица изјави дека двајцата играчи продолжиле да се расправаат и по завршувањето на вообичаениот цереминијал по секој меч и задолжителните прес-конференции.

– Слушнав дека убедувањата меѓу нив двајцата и нивните најблиски соработници траеле до доцна и не верувам дека тоа нешто помогнало, рече Мекинро.

Дел од лондонските весници сметаат дека токму тоа, а не повредата на грбот е причината зашто Роџер Федерер откажа да игра во финалето со Новак Ѓоковиќ и без борба му го предаде мечот на српскиот тенисер.

Весниците тврдат дека расправијата со Вавринка била и за тоа кој да ја предводи швајцарската екипа на финалето на Девис купот со Франција, што се игра следниот викенд. Се верува дека Федерер овојпат повеќе сакал победа во овој куп, зашто тоа е единствената титула што ја нема, отколку да игра на Мастерсот со Ѓоковиќ, ризикувајќи уште еден исцрпувачки меч и повреда.

Швајцарската тениска федерација сега настојува да ја смири ситуацијата во својот табор, порачувајќи дека разликите се надминати и објавувајќи на Твитер заедничка фотографија на целата екипа.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров