Солскјер: Подобро без напаѓач, отколку со Лукаку

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објави дека претпочита ситуација во која му недостасува еден напаѓач наместо да го држи незадоволниот Ромелу Лукаку на „Олд Трафорд“.

Белгискиот стрелец беше продаден на Интер лето за сума од 70 милиони евра. Сепак, ова остави голема дупка во нападот на „црвените ѓаволи“, кои за оваа позиција можат да се потпираат само на Маркус Рушфорд и Антони Марсијал. Норвежанецот сепак е категоричен дека ова било вистинската одлука.

– Можам да кажам дека би сакал уште еден играч на оваа позиција, но тоа беше одлука што ја донесов со целосна самодоверба. Понекогаш може да имате играчи со голем потенцијал. Меѓутоа, во случајот со Ромелу, неговите мисли едноставно не беа на вистинското место за да ни помогне понатаму. Не сакам да зборувам премногу за оваа тема. Ромелу е одличен играч и личност, но неговото време овде заврши, заклучи менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Солскјаер во обид да стане тренер на турски Бешикташ

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1