Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги сподели своите очекувања од настапот во Лигата на Европа.
– Амбициозен сум, имам сон да подигнам трофеј како клупски тренер. Јас ја должам мојата кариера на овој клуб, така што освојувањето на ЛЕ како тренер би бил најгордиот момент во мојот фудбалски живот. Ова би било најголемото достигнување во мојата кариера, изјави Норвежанецот.
Во четвртфиналето, англискиот клуб ќе се сретне со Копенхаген.