Со победа над првиот носител, ново полуфинале за Јотовски

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ја продолжи успешната серија настапи на фјучрс турнирите во Србија. Денеска во меч од четвртфиналето Јотовски го победи првиот носител на турнирот во Сомбор, Французинот Алексис Мусиалек (454.место АТП) со 2:0 во сетови (7:6 (7:4) и 6:4).

Во првиот сет Јотовски почна добро и направи два брејка за водство од 4:1 и потоа имаше и 5:2 во гемови, но противникот успеа да изедначи на 5:5. Јотовски повторно поведе со 6:5, но Мусиалек се избори за тај брејк, кој нашиот тенисер го доби со 7:4 на поени.

Во вториот сет Французинот водеше на почетокот, но Јотовски успеа да направи пресврт (серија од 5:1 во гемови) и од 3:1 за противникот го доби сетот со 6:4.

Јотовски претходно беше финалист на турнирот во Ваљево и четвртфиналист во Белград. Ова за нашиот тенисер ќе му биде петто полуфинале во кариерата сите постигнати за период од една година. Во полуфиналето противник ќе му биде еден од српските тенисери Марко Тепавац (3.носител) или Дејан Катиќ (7.носител).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров