Сојузот на спортови на Скопје – Скопски маратон денеска го осуди терористичкиот акт на маратонот во Бостони изрази жалење поради трагедијата како и сочувство до семејствата на настраданите.
– Маратоните како спортски манифестации не се настани за насилство и терористички напади.
Апелираме да се преземат сите мерки во светот да спортските натпревари бидат безбедни за спортистите и љубителите на спортот. Ние сочувствуваме со фамилиите на жртвите и со организаторите на Бостонскиот маратон, изјавија од Сојузот на спортови на Скопје.
Од Скопскиот маратон потсетуваат дека спортските собири како што се маратоните на кои учествуваат натпреварувачи од целиот свет, служат за испраќање порака за мир, пријателство и позитивна енергија.
Во очекување на пронаоѓање на сторителите на терористичкиот чин во Бостон, од Скопски маратон повикуваат на осуда од страна на спортистите и маратоните од целиот свет.