Скопје домаќин на ЕП за кошаркари до 18 години

Од:

Во Минхен денеска беше извршена жрепка за Европските кошаркарски првенства во помладите категории. Пет македонски кошаркарски селекции (три во машка и две во женска конкуренција) летово ќе имаат настап на континенталните шампионати, а најголемо внимание секако ќе привлече оној во Скопје. Главниот град на Република Македонија во периодот од 27 јули до 7 август ќе биде домаќин на ЕП – дивизија Б, за кошаркари до 18 години.

На првенството во Скопје, македонските надежи во групната фаза за противници ќе ги имаат селекциите на: Бугарија, Унгарија, Кипар, Ирска и Полска.

Младинците, селекцијата на кошаркари до 20 години ќе игра во Б дивизаијата на ЕП кое од 15 до 24 јули ќе се одржува во Халкида, Грција. Македонските надежи ќе бидат во групата А каде за противници ќе ги имаат: Португалија, Црна Гора, Ерменија и Грузија.

Кадетите (играчи до 16 години) ќе патуваат на првенството во Софија, Бугарија (од 11 до 20 август), каде во Б групата, за противници ќе ги имаат младите кошаркари од: Англија, Израел, Унгарија, Ирска и Шкотска.

Во женска конкуренција, две наши селекции ќе играат во Б дивизијата.
Јуниорките (кошаркарки до 18 години) ќе настапат на првенството во Сараево, БиХ, од 23 до 31 јули, а во Ц групата ќе бидат со: Естонија, Грција, Р.Ирска и Англија.

Кошаркарките до 16 години, ќе играат во романскиот град Ородеа (од 5 до 14 август), каде за протвнички во Д групата ќе ги имаат нивните врснички од: Белгија, Полска, Романија и Норвешка.

Главното извлекување претстои, а во него најдобрата машка репрезентација на Македонија ќе ги дознае противиците во квалификациите за ЕП во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос