Скок од пет места за Македонија на ФИФА ранг листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од пет места на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА.

Македонија на мартовското рангирање се наоѓа на 73.место со што продолжи напредокот на избраниците на селекторот Чедомир Јаневски кои веќе шести месец по ред го подобруваат својот пласман.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за Светското првенство, најдобропласирана е Хрватска (9.место), Белгија е на 19.та позиција, Србија се наоѓа на 35.место, Шкотска е 66.та и Велс 71.ви.

Лидер на ФИФА листа е репрезентацијата на Шпанија пред Германија и Аргентина, а потоа следуваат Англија, Италија, Колумбија, Португалија, Холандија, Хрватска и Русија.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 11 април.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи