Скок на Ѓорческа за 15 места

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по успешниот настап претходната недела на фјучрсот во Анталија кога победи во двете конкуренции очекувано направи скок на ВТА листата.
Таа во поединечна конкуренција се проби на 338 место што претставува скок од 15 позиции. Ѓорческа сега има 115 поени, а во новото рангирање и се запишани 10 нови поени.
 
Во конкуренција на двојки со 12-те поени само ги одбрани од лани во истиот период и со тоа остана на 225 поени и има пад од едно место и сега се наоѓа на 267. место на листата во конкуренција на двојки.

Резултатите од фјучрсот од оваа недела од Анталија кога беше финалистка во сингл конкуренција и победи во двојки ќе бидат рангирани на следната промена на ВТА листата на 23 ноември. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров