Австрискиот скијач Ромед Бауман е водечки по денешната трка на спуст патеката во Шладминг која се вози во рамките на дисциплината суперкомбинација од Светското првенство во аплско скијање.
Домашниот скијач оствари време од 2:01.38, што е за 14 стотинки подобро од Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал. На третото место се наоѓа Кристоф Инерхофер (Италија) со заостанување зад победникот од 38 стотинки.
Втората трка од денешната комбинација ќе се вози во дисциплината слалом. Во борбата за медалите освен водечките од спустот се очекуваа да се вмешаат Тед Лигети (САД) кој е на шестата позиција по спустот со 72 стотинки послабо време од победникот, како и Ивица Костелиќ (Хрватска) кој на 10.та позиција заостанува со 1,37 секунди зад водечкиот.
Почетокот на слаломската трка е во 18 часот и 15 минути.