Скандал со местење натпревари во молдавскиот фудбал

Од:

Половина екипи од елитната фудбалска лига во Молдавија биле вклучени во местење натпревари, објавија денеска Европол и молдавските власти задолжени за борба против корупција.

Досега се уапсени четири лица, извршени се претреси во 34 приватни станбени објекти и седиште на еден прволигашки клуб, а запленети се десетина мобилни телефони, како и обемна документација и банкарски картички.

Според истрагата, станува збор за корупциска шема од големи размери во која биле вклучени пет од десетте молдавски прволигашки екипи.

Наместени биле најмалку 20 натпревари во изминатите пет месеци, со вмешаност на раководните луѓе на екипите, тренери, менаџери, фудбалери и посредници.

Облозите за наместените натпревари биле уплатувани на азискиот пазар на обложувалници, а се проценува дека нелегалната заработка до разоткривање на корупциската шема достигнала околу 600.000 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Молдавија се повлече од Евровизија само неколку дена по аудицијата на националното натпреварување

А1он

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра