Скандал и расистички испад на Червар: Овие црнци играат попаметно од вас

Од:

Селекторот на ракометната репрезентација на Хрватска, Лино Червар имаше несекојдневен говор при тајм аутот на пријателскиот меч со Катар, па во момент на бес ги навреди противничките играчи на расна основа.

Хрватите го решија дуелот во нивна корист, со 33:28, меѓутоа не играа толку добро како што покажува резултатот , а ситуацијата во која Червар ја изгуби контролата може да се види тука.

Катар речиси целиот меч беше во предност, за во последните десет минути Хрватите да направат предност.

-Зошто играме сељачки ракомет? Кој к** им ја давате топката? Овие црнци играат попаметно од нас, бурно реагираше Червар по еден тајм аут во првото полувреме.

Репрезентацијата на Хрвтаска на Европското првенство кое почнува оваа недела, е во групата со Србија, Црна Гора и Белорусија.

Би можело да ве интересира

Помошникот на Червар е нов хрватски ракометен селектор

Жарко Настоски

Падна и Чешка: Шеста победа во низа на Хрватска на ракометното ЕП

СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска

Ана Ололовска

Червар го напушта ППД Загреб

Наум Локоски

Червар: Се потсмеваме со Македонија, а тие имаат европски шампион во ракомет и во август им доаѓаат Реал и Манчестер

Наум Локоски

Червар: Горд сум на моите ракометари

Ана Ололовска