Помошникот на Червар е нов хрватски ракометен селектор

Од:

Хрвоје Хорват е назначен за нов селектор на хрватската ракометна репрезентација на местото на Лино Червар, кој по елиминацијата во групната фаза на тековното Светско првенство поднесе неотповиклива оставка.

Хорват беше дел од стручниот штаб на хрватската репрезентација на Мундијалот во Египет како помошник на Червар.

Неговото назначување доаѓа откако раководството на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) попладнево на телефонска седница во Загреб ја прифати оставката на најтрофејниот тренер во историјата на хрватскиот ракомет.

Управниот одбор на ХРС одлучуваше меѓу тројца кандидати за нов селектор, кои во својство на координатор за хрватскиот машки ги предложи Червар. Во избор за селекторското место беа и Славко Голужа и Ивано Балиќ.

Би можело да ве интересира

Падна и Чешка: Шеста победа во низа на Хрватска на ракометното ЕП

Скандал и расистички испад на Червар: Овие црнци играат попаметно од вас

Предраг Петровиќ

СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска

Ана Ололовска

Червар го напушта ППД Загреб

Наум Локоски