Сити Парк Бојс: Со поддршка за „Докторот“ и Работнички

Од:

Кошаркарите на Работнички се вратија во ритамот на натпревари, а прекинатиот натпревар со МЗТ Скопје ќе остане само една лоша епизода во историјата на клубот.

Сепак навивачите во пресрет на дуелот со Куманово во сабота се обратија со соопштение кое го пренесуваме во целост.

Ги покануваме сите наши членови и симпатизери и искрени навивачи на нашиот Работнички, да дојдат на првенствениот натпревар помеѓу Работнички-Куманово кој се игра 29.11.2014 година во Градски парк.

Во сабота не сме на работа ни во школо ниту па на факултет. Во сабота можеме и мораме максимално да дадеме поддршка на нашиот клуб но, пред се на „докторот“ Марин Докузовски кој секогаш бил тука со нас и за нас кога на клубот тоа му било најпотребно. Марин ни ја донесе победата на „мајсторката“ против вечниот ривал, Марин ни носеше титули, Марин и сега е тука за да дојдеме до долгоочекуваната 15ка. Сега кога политиката и судиите сакаат да не скршат и клубот и нас и „докторот“ и екипата, сега треба да го возвратиме ударот. Затоа во сабота, шал на врат, обележје од клубот и групата и со песна сите четири четвртини да се спротиствавиме на притисокот и неправдата!!!

„Ќе не стигнат разни невољи остануваме само јас и ти“.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос