Синер: „Многу тешка ждрепка“

Од:

Светскиот тенисер број еден Јаник Синер смета дека немал среќа на ждрепката за Мастерсот во Берси.

Синер е слободен во првото коло, додека неговиот ривал во второто ќе биде подобар од дуелот помеѓу Бен Шелтон и Феликс Огер Аласиме.

„Тоа е многу тешка ждрепка. Многу, многу тешка ждрепка, особено на овие терени. Добрите сервери се многу тешки противници. Одиме од ден на ден. Се може да се случи. Понекогаш ждрепката може да се отвори, но никогаш не се знае “, рече тој. Синер додаде:

„Ќе биде многу тешко против Бен. И јас никогаш не сум го победил Феликс (0-2)“.

Синер годинава има скор од 65-6 и го обезбеди првото место до крајот од годината.

По Париз, го очекува само Завршниот Мастерс во Торино.

“Ова беше втора сезона, се може да се случи на крајот. Среќен сум што сум тука. Тоа беше турнир на кој досега не успеав да најдам добар тенис. Ќе видиме што можам да направам”, рече Синер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ