Францускиот тенисер Жил Симон конечно ја прекина серијата од 12 порази од Британецот Енди Мареј. Симон попладнево во четвртфиналето на турнирот во Ротердам го победи првиот носител Мареј со 6:4 и 6:2. Во текот на мечот Французинот ги искористи грешките на Мареј. Ова за Симон е втора победа во 14.тиот меч против Мареј.
Негов противник во полуфиналето ќе му биде Чехот Томаш Бердих, кој со 6:1 и 6:4 во сетови постигна победа над Французинот Гаел Монфис.
Во другите два четвртфинални меча вечерва ќе играат: Жил Милер (Луксембург) против Стан Вавринка (Швајцарија) и Сергеј Стаховски (Украина) против Милош Раониќ (Канада).
Турнирот во Ротердам се игра за награден фонд од 1.600.855 евра.