Силвер: Ако некој од играчите не сака да учествува во рестартирање на сезоната, тоа нема да претставува повреда на договорот

Од:

Комесарот на НБА, Адам Силвер изјави дека ја разбира загриженоста на некои кошаркари за планот за продолжување на сезоната 2019/20, што го предложи лигата.

– Сакам да забележам дека ова можеби не е за секого. Ова ќе бара големи жртви од играчите и од сите што ќе учествуваат во продолжувањето на сезоната, тренери, судии. Доколку некој од кошаркарите одлучи да не дојде во Орландо, тоа нема да претставува повреда на условите на неговиот договор. Ние сме подготвени да ја прифатиме оваа позиција, изјави Силвер.

Претходно беше објавено дека најсилната светска кошаркарска лига планира да ја продолжи сезоната, одржувајќи ги сите натпревари во Орландо пред празни трибини. Кошаркарите ќе живеат во истиот кампус.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он