Силекс го освои фудбалскиот Куп, на пенали беше подобар од Академија Пандев

Од:

Фудбалерите на Силекс триумфираа во овогодишното издание на Македонскиот куп, совладувајќи ја вечерва екипата на Академија Пандев со 4:3 на пенали, откако финалето на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје заврши без голови по 120 минути фудбал.

Во натпревар со многу тактизирање и претпазливост, 28. финале на фудбалскиот куп донесе по само една сериозна шанса на двете страни. Најпрво ударот на Радевски во судиското продолжение од регуларниот дел за малку заврши крај голот на Силекс, додека сантиметри го делеа обидот со глава на Каракамишев во 97 минута да му донесе предност на клубот од Кратово.

Во пенал серијата двете екипи ги реализираа првите три удари од белата точка, по што голманот на Силекс, Божиновски, го одбрани ударот на Димовски, а чуварот на мрежата на Академија Пандев, Јовановски, беше поуспешен од Ѓеоргиев.

Во петтата серија, Карчевски беше прецизен кај Силекс, а Велиновски не успеа да погоди кај Академија Пандев, со што кратовскиот клуб во своето четврто куп финале го освои третиот пехар во клупската историја, и прв од 1997 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он