Сигурно место за Паулињо меѓу стартерите на Бразил

Од:

Хозе Пауло Безера попознат како Паулињо ќе има гарантирано место во почетниот состав на Бразил на претстојното Светско првенство кое во оваа земја ќе започне на 12 јуни.

Оваа одлука ја донел селекторот на „Кариоките„ Луиз Фелипе Сколари, иако играчот од средниот ред на Тотенхем Паулињо зад себе има лоша сезона, односно мала минутажа во натпреварите од Премиер лигата.

– Му реков дека сум свесен за тоа дека неиграше многу за Тотенхем, но дека тоа не ме загрижува. Тој сепак ќе биде во почетните единаесетмина. Морав да му покажам дека верувам во него, а тој се расплака, изјавил селекторот на Бразил, Сколари.

25-годишниот Паулињо досега за „Кариоките„ има настапено на 25 натпревари на кои постигнал пет голови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

ВИДЕО: Бразил елиминиран, познати се полуфиналистите на Копа Америка

Тите заминува и не може да се помири: Шутнаа само еднаш

ВИДЕО: Бразил е во осминафинале, со триумфот над Швајцарија одигра и за Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска