Сигурдсон во Барселона

Од:

Искусниот исландски репрезентативец Гудјон Валур Сигурдсон е нов член на шпанскиот првак Барселона. 34 годишниот ракометар го напушти Кил и се пресели во клубот каде што настапува нашиот Кире Лазаров.

Сигурдсон доаѓа на позицијата лево крило, каде со години настапуваше капитенот на каталонците Хуанин Гарсија. Тој настапуваше во Данска за Копенхаген, во Германија за Тусем Есен, Гумерсбах, Рајн Ловен Некер и Кил со кого две сезони по ред е германски првак, а оваа сезона стана и европски вицешампион.

Сигурдсон настапи на 4 од вкупно 5 завршни Final four турнири во Келн, но никогаш не триумфирал. Можеби тоа е неговиот нареден предизвик во Барселона. Со репрезентацијата на Исланд освои сребро на олимписките игри во Пекинг во 2008 година и бронза на европското првенство во 2010 година.

Во своите инвидуални постигања беше најдобар стрелец во Бундеслигата во 2006 година и најдобар стрелец на мундијалот во 2007 година. Тој ги мина лекарските прегледи и наскоро ќе биде преставен како нов член на Барселона.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa