Шведска последен полуфиналист на СП во хокеј

Од:

Репрезентацијата на Шведска се пласира во полуфиналето на Светското хокеарско првенство што се одржува во нивната земја.

Швеѓаните синоќа на последниот четвртфинален дуел ја победија фаворизираната Канада со 3:2 по изведување на пенали. По основните 60 минути резултатот беше изедначен 2:2 (0:0; 0:1 и 2:1), а така беше и по продолжението па пеналите го решија победникот.

Противник на Шведска во полуфиналето ќе биде Финска, додека во другото полуфинале ќе играат САД и Швајцарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Срби и Хрвати се тепаа во Белград, во ледената сала настана вистински хаос

А1он

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска