Репрезентацијата на Шведска ја победи Норвешка синоќа на Светското хокеарско првенство кое се одржува во Белорусија.
Први победи на шампионатот забележаа селекциите на Финска и на Данска, а во најнеизвесниот дуел од вчерашниот ден Летонија го совлада Казахстан.
Постигнати резултати на четирите дуели со кои се комплетира дуелите 3.коло: Италија – Данска 1:4, Германија – Финска 0:4, Летонија – Казахстан 5:4 и Шведска – Норвешка 2:1.
Табела А група: Шведска 8 бодови, Канада 7, Норвешка 6, Франција 5, Чешка 3, Данска 3, Италија 3, Словачка 1.
Табела Б група: Русија 9 бодови, Летонија 6, САД 6, Белорусија 6, Германија 5, Финска 3, Казахстан 1, Швајцарија 0.
Двојките за денешните натпревари се: Чешка – Италија, Швајцарија – Германија, Русија – Казахстан и Словачка Норвешка.