Швајцарско полуфинале во Лондон

Од:

Стан Вавринка ќе му биде противник на сонародникот Роџер Федерер во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Во последниот меч од групата „Илие Настасе“, Вавринка за нешто помалку од два часа игра го совлада Енди Мари со 7:6 (7:4), 6:4.

Полуфиналниот дуел на двајцата Швајцарци ќе биде реприза на нивната минатогодишна пресметка, исто така во полуфиналето, на завршниот Мастерс. Тој дуел остана во сенка на вербалниот судир на Вавринка со сопругата на Федерер Мирка.

Имено таа на Вавринка му дофрли дека е плачко, максимално го испровоцира, а нејзиниот сопруг тоа го искористо успеа да спаси четири меч топки, а потоа и да триумфира.

Втората полуфинална двојка ја формираа бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Србинот и Шпанецот, во Лондон, ќе го одиграат 46-от меѓусебен дуел, Надал има една победа повеќе.

Полуфиналните мечеви ќе се одиграат в сабота, од 15 часот на теренот ќе излезат Ѓоковиќ и Надал, а швајцарската пресметка Федерер-Вавринка ќе започне во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров