Швајцарија поведе во финалето на Дејвис купот со Франција

Од:

Со победата во првиот меч од финалето во Дејвис купот Швајцарија поведе со 1:0 против Франција. Првиот поен за Швајцарците го освои Стан Вавринка, кој со 3:1 во сетови (6:1; 3:6; 6:3 и 6:2) го победи првиот француски играч Жо Вилфред Цонга.

По добриот старт и лесно освоениот прв сет Вавринка му дозволи на Цонга да се врати во мечот и да изедначи на 1:1, но во третиот и четвртиот сет Швајцарецот беше доминатен и успеа да ги замолкне и навивачите кои му даваат поддршка на домашниот тенисер.

Во вториот меч попладнево играат Гаел Монфис за Франција и Рожер Федерер за Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров