Швајцарија на чекор од првата титула во Дејвис купот

Од:

Швајцарската двојка Рожер Федерер/Станислас Вавринка и донесоа водство на својата репрезентација над домаќинот Франција од 2:1 во финалето на Дејвис купот, откако вечерва ги совладаа Жилијан Бенето/Ришар Гаске со 3-0 во сетови.

Во првиот сет Швајцарците беа подобри со 6:3, нешто понеизвесно беше во вториот сет кој заврши 7:5, додека во третиот сет домашната двојка стигна до четири гема.
На Швајцарија и е потребна само уште една победа за да дојде до првата титула во репрезентативното светско тениско натпреварување.

Утре на програмата се нови поединечни натпревари, по кои ќе биде познат и победникот на годинешното издание на Дејвис купот. Во првиот дуел ќе играат Рожер Федерер и Вилфред Цонга, а ако е потребно за титулата ќе решаваат вавринка и Гаел Монфис.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров