Во средбата од А групата во Ленс, фудбалерите на Швајцарија славеа со минимална победа од 1-0. Единствениот гол за Швајцарците го постигна Фабијан Шар во 5 минута, а Албанците од 37 минута играа без исклучениоткапитен Лорика Цана.
Албанија во првиот настап на едно од големите натпреварувања, доживеа пораз во Ленс иако Швајцарците не беа убедливи. Иако рано дојдоа во водство, и имаа дури цели 53 минути играч повеќе, не успееа да постигнат гол повеќе. Спред спортските коментатори, да не беше грешката во 5 минута кога прими гол, албанскиот голман Бериша ќе беше прогласен за играч на натпреварот со оглед дека успеа да одбрани пет чисти шанси на Швајцарците.