Шумахер ги сподели своите впечатоци за дебито во Формула 1

Од:

Возачот на Хас, Мик Шумахер го сподели своето мислење за дебито во Формула 1. Синот на седумкратниот шампион Михаел Шумахер, вчера во болидот на американскиот тим, го одржа својот прв слободен тренинг на Гран при на Абу Даби.

– Би рекол дека сè помина во најдобар ред. Немаше сериозни проблеми, ништо лошо не се случи на патеката. Очигледно дека сè уште се обидувам да се навикнам на болидот во Формула 1. Во секој случај, среќен сум затоа што направив сериозен чекор напред, изјави Германецот.

Мик Шумахер од сезоната 2021 година заедно со Русинот Никита Мазепин ќе го сочинуваат тимот на Хас.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур