Австрискиот ски-скокач Грегор Шлиренцауер победи на денешното натпреварување во Инсбрук. Тој во двете серии имаше скокови со должина од 131,5 и 123 метри и собра 253,7 поени.
Со овој резултат тој го презеде и водството на 61. издание на „Новогодишната турнеја четири скокалници“, бидејќи победникот на првите две скокалници Андерс Јакобсен од Норвешка беше седмопласиран.
На второто место се пласира Камил Штох од Полска, а трет беше Андерс Бардал од Норвешка.
Во генералниот пласман Шлиренцауер е лидер со 708 бодови, пред Германецот Зеверин Фронјд – 556 и Бардал – 430.
На Новогодишната турнеја Шлиренцауер води со 827,5 поени, а втор е Јакобсен, со 816,8.
На 6 јануари в недела во Бишофсхофен ќе се одржат скоковите од последната скокалница од Новогодишната турнеја 2013.