Екипата на Реал Мадрид го освои првиот трофеј сезонава, откако синоќа во Виторија, во финалето на шпанскиот кошаркарски Суперкуп убедливо ја порази Барселона со 99:78.
Ова беше трета победа во низа во финалето за Реал против најголемиот ривал, а воедно четврти трофеј од Суперкупот.
Предводник на „кралевите“ до трофејот беше Серхио Љуљ со 21 поен, а значаен ефект имаше и Руди Фернандез кој натпреварот го заврши со 15 поени.
Во составот на Каталонците најефикасен беше Анте Томиќ со 17 поени.