Шпанија со проверени кошаркари гостува во Скопје

Од:

Селекторот на светскиот првак Шпанија, Серџо Скариоло, го објави потесниот список со 16 кошаркари за гостувањето идниот петок во Скопје во рамки на мундијалските квалификации.

Од поширокиот список Скариоло изостави осум кошаркари за дуелот против македонската репрезентација во салата „Јане Сандански“ (19:30 часот).

Шпанија доаѓа во Скопје како светски шампион, а во квалификациската група „Г“ противници на македонските кошаркари се и селекциите на Украина и Грузија.

Составот на Шпанија за дуелот во Скопје на 26 ноември:

Виктор Артеага, Џонатан Бареиро, Дарио Бризуела, Кино Колом, Алберто Диаз, Дани Диез, Хаиме Фернандез, Фран Гуера, Хаби Лопез-Арестеги, Жоел Пара, Ориол Паули, Дани Перез, Хаиме Прадиља, Мигел Салво, Хуан Састре, Јанкуба Сима.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он