Репрезентацијата на Шпанија буквално се поигруваше со Република Ирска, славеше со убедливи 4:0 на вторио натпревар во рамките на групата Ц.
Напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес постигна два гола со кој беше најзаслужниот за првите три бода на „фуријата“ на континенталниот собир. Во листата на стрелците се запишаа и Давид Силва и Сеск Фабрегас, кој воедно го постави и конечниот резултат.