Шпанија прв полуфиналист на Евробаскетот

Од:

Шпанија е првиот полуфиналист на ФИБА Евробаскет 2015, откако попладнево во интересен дуел успеа да слави над Грција со 73-71.

Шпанските кошаркари предводени од фантастичниот Пау Гасол уште еднаш покажаа дека знаат да заиграат кога е потребно и покрај отсуството на бројните НБА играчи, избраниците на Скариоло одиграа особено добро во последната четвртина во која целосно го надиграа грчкиот состав.

Пау Гасол беше најдобар кај шпанската селекција и на овој меч, реализирајќи 27 поени и 8 скокови, Миротиќ постигна 18 поени, додека Серхио Родригез имаше десет поени и пет асистенции. Кај Грците најистакнат беше Антетокоумпо, кој оствари дабл-дабл од 12 поени и 17 скокови.

Следен ривал на Шпанија ќе биде подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Латвија и домаќинот Франција.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос