Шпанија и Италија се двете нови репрезентации што обезбедија пласман во четвртфиналето по одигрувањето на третото последно коло од Ц групата на 11 ден од Европското фудбалско првенство во Полска и Украина.
Двете селекции остварија победи, во Гдањск Шпанија беше подобра од Хрватска со 1:0 со голот на Хесус Навас, додека во Познањ, Италија ја совлада Република Ирска со 2:0 со головите на Касано и Балотели, по што двете поразени репрезентации го напуштаат шампионатот.
Бранителот на титулата го освои првото место во оваа конкуренција, додека Италија со првиот триумф на ЕП против Ирска од 2:0, во осмуката најдобри патува како вторпласирана.