Шпанија и Португалија на преполната Донабс арена одиграа цели 120 минути без постигнат погодок во првото полуфинале на Европското првенство во фудбал. Следуваа пеналите.
Во првата серија Чаби Алонсо шутираше во оквирот на голот но Руи Патрисио обрани, истото се случи и со Мутињо, Касиљас одбрани, остана 0:0.
Во втората серија, Иниеста и Пепе погодија.
Третата серија ја отвори Пике кој погоди за водство од 2:1, Нани изедначи на 2:2.
Четвртата серија ја отвори Рамос, кој храбро, по промашувањето во полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн го изведе т.н. „паненка“ шут за 3:2. За Португалија Бруно Алвеш ја погоди пречката која остана да се тресе.
Фабрегас ја имаше меч топката, ја погоди стативата и топката се одби во мрежата на Патрисио.
Шпанија ќе игра во финалето во Киев на 1. јули против подобриот од дуелот Германија – Италија.