Екипата на Шолнок го ангажира Американецот Мајк Ли кој до крајот на сезоната се обврза да настапува за унгарскиот шампион, објавено е денес на веб страната на АБА лигата.
Ли е поранешен кошаркар на Раднички Крагуевац, Доњецк, Политехна и Булоњ, а насатпувал и во неколку тимови во американските развојни лиги.
Токму Шолнок е следен противник на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата.
Овој дуел е закажан за утре од 20 часот. Досегашниот биланс на петте натпревари меѓу овие две екипи е 3-2 за МЗТ, но на теренот на противникот аеродромци немаат победа.