Француско-јапонската автомобилска алијанса во првата половина од 2017 година продаде 5.268.079 автомобили и на тој начин ја надмина групацијата „Фолксваген“, која во истиот период на купувачите од цел свет им испорача 5.115.900 возила.
„Заканата“ од првиот човек на „Рено-Нисан“, Карлос Госна, дека оваа автомобилска групација до крајот на 2017 година може да стане најголем производител на автомобили во светот доби потврда низ реални бројки веќе со полугодишниот пресек во продажбата.
„Рено-Нисан“ во периодот јануари-јуни 2017 година веќе испорача околу 150.000 автомобли повеќе од германскиот автомобилски гигант.
Групацијата „Фолксваген“, која во 2016 година заврши како најголем производител на автомобили во светот, во првата половина од 2017 година, исто така, забележа раст во продажбата на годишно ниво, но тоа не беше доволно да ја задржи позицијата број.
„Рено-Нисан“ под свое покровителство, меѓудругото, ги има и автомобилските брендови „Митцибуши“ и „Дачија“, што помогнаа да го оствари овој исклучителен резултат на половината од 2017 година.
Во рамки на алијанста најмногу автомобили продаде „Нисан“, 2.894.488, со раст од 5,6 отсто, додека „Рено“ на купувачите низ цел свет им испорача 1.879.288 возила, забележувајќи зголемување на продажбата од 10,4 отсто на годишно ниво.
„Митсубиши“ во продажниот резултат во првите шест месеци придонесе со 495.000 автомобили, а значителен дел во продажбата имаа и електричните „Плуг-ин“ хибриди – вкупно се испорачани 481.151 вакви возила, а станува збор за моделите „Нисан Леаф“, „Рено Зое“ „Митсибуши и – Миев“ и „Митсибуши Оутлендер Плуг- ин Хибрид“.
За растот на продажбата во 2017 година најзаслужни се моделите „Рено Клио“, „Меган„ и „Каптур“, потоа „Дачија Сандеро“ и „Дастер“, „Нисан X-Траил/Роки“, „Сентра/Силфи“, „Кашкаи“ и „Алтима/Теана“.