Австрискот ски-скокач Грегор Шлиренцауер е победник на денешното натпреварување од Светскиот куп одржано во на леталницата во чешки Харков.
Покрај Австриецот за кого ова беше 47.победа во кариерата, на подиумот се искачија и второпласираниот Роберт Крањец (Словенија), како и третопласираниот домашен натпреварувач Јан Матура.
Летовите во Харков претпладнево поминаа со многу проблеми поради ветерот, а стартната клупа беше поместувана подоле неколкупати.
Доколку временските услови дозволат, попладнево на леталницата во Харков ќе биде оджрано уште едно натпреварување.
Во Генералниот пласман води Шлиренцауер со 1.100 бода, пред Андреас Бардал (Норвешка) со 757 бодови и Северин Фројнд (Германија) 656 бодови.