ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

Од:

Никол Шмидхофер победи на спустот во Лејк Луис, Канада, во Светскиот куп во ски-алпски дисциплини. Австријката заврши за 1.49: 92 минути и беше побрза од второпласираната Михаела Шифрин за 0,13 секунди.

Шмидхофер ја освои својата четврта трка за Светскиот куп, а три од нив се на патеката во Лејк Луис.

Трикратната освојувачка на Големиот кристален глобус, Шифрин, има четири подиуми во спуст, вклучувајќи и победа во 2017 година во Лејк Луис.

Франческа Маршалија остана на третото место во крајниот пласман, додека Чехињата Естер Ледечка, која во петокот го освои својот прв спуст за сезоната, заврши на четвртото место.

Во генералниот пласман по шест трки продолжува води 24-годишната Михаела Шифрин со 446 поени, а потоа следат Мишел Гизин (Швајцарија) со 176 поени и Естер Ледецка со 150.

Пласман во спуст во Лејк Луис, жени:
1. Никол Шмидхофер (Австрија) 1: 49,92 минути
2. Михаела Шифрин (САД) 1: 50.05
3. Франческа Маршалија (Италија) 1: 50,35
4. Естер Ледечка (Чешка) 1: 50,37
5. Корин Сутер (Швајцарија) 1: 50,48
6. Кира Вајдал (Германија) 1: 50.53

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ

Стох победи во Бишофсхофен и ја освои Новогодишната турнеја

Емир Латифовиќ