Шкендија извлече фантастични 1:1 на гостувањето кај АИК Стокхолм во третото квалификациско коло во Конференциската Лига Европа, за на реваншот во Скопје да може да брка пласман во последните квалификации.
Мечот во Шведска започна фантастично за тетовци, откако ветеранот Ферхан Хасани уште еднаш ја покажа својата класа, и по 30-тина секунди го матираше шведскиот голман Кристофер Нордфелт. Сепак, кралскиот шведски клуб успеа да израмни во 17. минута од мечот, преку Џон Гуидети.