Шкендија повторно во младинската Лига на шампиони

Од:

Со комплетирање на учесниците во групната фаза на Лигата на шампиони, познати се и екипите, кои ќе настапат во елитното клупско натпреварување во младинска конкуренција во кое македонскиот фудбал повторно ќе го претставува тетовска Шкендија.

За актуелниот македонски фудбалски првак во младинска конкуренција ова ќе биде трет едноподруго настап во Лигата на шампиони, чие издание минатата сезона беше откажано поради пандемијата на коронавирус.

Противникот на Шкендија во 1. квалификациско коло ќе биде познат во вторник за кога во Нион е закажана жрепката.

Првите натпревари ќе се играат на 29 септември, додека реваншите од 1. квалификациско коло се на програмата на 20 октомври.

Би можело да ве интересира

Шкендија и Македонија ЃП го дознаа можните ривали во третата рунда

Шкендија верува дека предноста од Скопје ќе ја задржи во Ереван

Маневски премина од „Брегалница“ во „Шкендија“

А1он

Комплетирани осминафиналистите во Македонскиот фудбалски куп

А1он

Шкендија против сплитски Хајдук во младинската Лига на шампиони

А1он

Шампионот Шкендија без победа и по третото коло во ПМФЛ

А1он