Американаката Микаела Шифрин беше најбрза на денешниот слалом возен во Марибор, Словенија.
Вкупното време на Шифрин по двете трки изнесува 1:39.12.
На втората позиција се пласира Вероника Зузулова од Словачка со повеќе од една секунда заостанување (1:40.15), а третопласирана е Шарка Страхова од Чешка со време 1:40.17 минути.
По денешната трка Шифрин изби на првото место во светскиот куп во оваа дусциплина со 479 бодови, пред Фрида Хансдотер (Шведска) која собра 479.
Домашната миленичка Тина Мазе исто како и на вчерашниот велеслалом не ја заврши трката и остана на 374 слаломски бодови.
Сепак, Мазе и натаму води во Генералниот пласман со 985, пред Фенингер која има 901, Шифрин 750, Вон 646.